Оваа Македонка во „Ѕвездите на Гранд“ се вљуби во својот колега – нивната голема љубов ги изненади сите
Гледачите ја памтат како мирна и скромна девојка, но Елена сега ја покажа и својата „дива“ страна
Пејачката ги воодушеви сите со ова издание
Пејачката Елена Миленковска која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ досега во јавноста секогаш сме ја гледале смерно облечена.
Таа е во складен брак со својот колега од шоуто, Александар Маринковиќ Гуте, а на Инстаграм најчесто објавува фотографии од семејниот живот од кои можеме да видиме дека ужива во мајчинството.
Имено, Елена и Гуте имаат две деца – синот Максим и ќерката Миона, а нивната љубов се роди во популарното шоу.
Инстаграм/ Елена Миленковска
Тие се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“ во сезона 2018/2019 кога и двајцата беа во тимот на Ана Бекута која и ги спои.
Инстаграм/ Елена Миленковска
По емисијата тие продолжија со нивната емотивна врска, а по неколку месеци и пред Господ се заколнаа на вечна љубов.
По некое време пристигна Максим, а по две години и Миона, а убавата пејачка сега со најновата објава на социјалните мрежи покажа дека и покрај двете бремености се уште е во топ форма.
Инстаграм/ Елена Миленковска
Имено, Елена позираше во костим за капење на плажа во Грција, а нејзината фотографија веднаш привлече внимание.
Како Елена изгледаше во ова издание, но и што вели Елена за мајчинството погледнете и прочитајте во продолжение…
Инстаграм/ Елена Миленковска
„На почетокот ништо не ми беше јасно, што е и нормално, но како поминуваше времето беше сé подобро и полесно. Животот стана поинтересен, најљубовен, полн со среќа и смеа, но исто така и со грижи. Многу созреав и секојдневно созревам покај децата како личност, но и како родители“, ни откри во една пригода Елена за чија љубов велат дека е една од најсилните и најголемите што се родила во „Ѕвездите на Гранд“.