Оваа жена ѝ го растури бракот: Гоца Божиновска по толку година ѝ прости на жената која ѝ го презеде сопругот
Популарната пејачка Гоца Божиновска беше во брак со Зоран Шијан, еден од жестоките белградски момчиња во 90-тите, но тој си замина од неа, во прегратките на соседката Горана која му го роди синот Вукашин.
Пејaчката со години молчеше за прељубата на својот маж, а потоа во јавност проговори за Горана и како се и простила, но не ѝ заборавила.
„Таа жена ми го уништи семејството. Всушност ми го уништи целиот живот. Беше тешко, но не се враќам на старо. Одлучив повеќе да не трошам време и нерви на непотребни работи. Толку драги и сакани луѓе кои ми недостастасуваат имам изгубено, така што некои работи не се ниту приближно болни како тоа.
Можам дамо да кажам дека таа и јас не сме скарани и дека меѓу нас сѐ е ок. Што било, поминало. Секогаш сум била толерантна и сум простувала, па така и нејзе. Ѝ простив, но не заборавив. Едно е сигурно, мојот Зоран беше со мене до крајот“, рече Гоца Божиновска.
На една страница на Фејсбук осамна фотографија од Зоран Шијан со сопругата Горана која му го роди синот Вукашин.