Оваа дама го украде срцето на еден од нашите најдобри одбојкари – ќе се воодушевите од нејзиниот шарм
Филип е еден од нашите најдобри одбојкари, а оваа прекрасна млада дама е неговата сопруга
Оваа убавица е жената што му го украде срцето на Филип Деспотовски
Еден од нашите најдобри одбојкари, техничарот Филип Деспотовски, е во складен брак со својата сопруга Еви Славковска-Депспотоски.
Филип е еден од најистакнатите напи одбојкари и репрезентативец, кој зад себе има богата интернационална кариера.
Тој долги години беше дел од романското првенство каде има освоено 2 купа, едно второ место и 3 бронзени медали.
Фото: Инстаграм/ Еви Деспотовски
Пред да заигра во дресот на Струмица НИКОБ, настапуваше за Будва, а претходно беше дел и од шампионите на Естонија, Русија, Грција.
Фото: Инстаграм/ Еви Деспотовски
Инаку, Филип е поприлично активен и на својот профил на Инстаграм каде често споделува фотографии, а на некои од нив е и со сопругата која секогаш привлекува внимание со својата убавина.
Фото: Инстаграм/ Еви Деспотовски
Нејзиното име е Еви и тие имаат две деца, син и ќерка, а од нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи може да се види дека имаат складен однос и дека уживаат во бракот.