Реклама
Фитнес

Оваа дама го постави светскиот рекорд – држеше планк повеќе од четири часа

Реклама

Оваа дама го постави новиот светски рекорд во држење планк

И додека за некои правењето на популарната вежба планк е вистински предизвик, Дана Пловак тоа е како го постави новиот светски рекорд.

Маркетинг

Таа држеше планк четири часа и дваесет минути, во склоп на Првиот меѓународен планк тренинг.

Претходниот рекорд во оваа вежба изнесуваше три часа и 30 минути, а Дана овој пат постигна многу подобар резултат.

Маркетинг

Во прашање е фитнес ентузијастка која обожава јога и планк. Во предизвикот ја пријавил нејзиниот брат кој патувал 24 часа само да биде присутен за настанот и кој за целото време на натпреварот ја поддржувал.

Оваа вежба и е омилена и на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон има строг режим на вежбање до кој се придржува за да изгледа занесно.

Таа и покрај тоа што е мајка на три деца, се уште изгледа фантастично, но покрај генетиката за тоа се виновни и редовните тренинзи од кои убавата војвотката не се откажува. Таа посебно се интересира за спортските активности, што можеме да го видиме и од нејзините активности, а познато е и дека за време на подготовките за венчавката со принцот ја држеше популарната Дукан диета.

Кејт нема личен тренер и вежба дома секојдневно. Од кардио-вежбите најмногу сака трчање, а тренинзите кои се за сила секогаш ги прави дома. Секогаш кога има шанса таа пронаоѓа време да трча и така ја одржува својата кондиција, пишува весникот „Дејли стар“ (Daily Star).

Нејзината омилена вежба за рамен стомак е вежбата што многумина ја мразат – планк. Во прашање е вежба која им дава силна на мускулите и која има три начини на изведување – основен, страничен и пропаѓање.

Таа секоја од овие вежби ги прави најмалку по 10 пати и тоа во траење од минимум 45 секунди.

Порано медиумите пишуваа дека Кејт е зависник од вежбање и дека екстремно многу време минува грижејќи се за својот изглед. Војвотката вежбаше во Кенсингтонската палата со својата сестра Пипа, со која правеше екстремни кардио-тренинзи, подигање на карлицата, дијагонални и обратни исчекори, стомачни, чучњеви, мост и склекови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button