Реклама
Нега и здравје

Оваа грешка ја прават многу жени, а не се ни свесни за тоа – еве што ви препорачуваме да направите 3 минути по туширање

Реклама

Понекогаш тајната се крие во малите нешта

Нашата кожа бара правилна нега. Затоа кожата на оние кои ја негуваат изгледа многу поубаво и е поздрава. Но за да ја негуваме сите треба да имаме по некои ритуали, а таквата рутина треба да му одговара на телото.

Маркетинг

Еден од начините со кој можете да ја третирате е редовно да ја чистите и хидрирате. Но проблемот е во тоа што доколку имате некои други проблеми со вашата кожа, вашите дневни ритуали наместо да помагаат, можат да и штетат, а вие за тоа најверојатно не сте ни свесни.

Па така многу жени откако ќе се истушираат прават една грешка за која не се ни свесни.

Маркетинг

Тие најчесто предолго чекаат за да се намачкаат хидрантната крема или воопшто и не ја нанесуваат.

Не треба да заборавиме дека по бањањето порите на кожата се шират заради пареата и топлината во бањата.

Важно е што подолго водата да се задржи во телото, а тоа ќе го направите со нанесување на хидрантна крема три минути по бањањето. Доколку чекате подолго од три минути, кожата нема да биде влажна.

Затоа хидрантната крема ТРЕБА секогаш да ја чуваме во бањата и да ја нанесете откако ќе се истуширате.

Неколку совети како да ја негувате кожата на вашето тело

Во продолжение прочитајте и неколку генијални совети за нега на сува кожа од глава до пети. Да почнеме по ред…

Пилинг, пилинг, пилинг – на целото тело

Без разлика колку навлажнувачки производи користите, мора да ја триете кожата за да ги отстраните мртвите клетки. Не сте сигурни каков вид на средство за отстранување на мртвите клетки ви треба?

Можеме да ви помогнеме

Консултирајте се со нашиот водич да го пронајдете најдоброто средство за пилинг на вашиот тип кожа.

Променете ги вашите навики за туширање

Подолгото изложување на топла вода може претерано да ја исуши кожата и да ја влоши егземата кај оние кои се склони на неа, велат дерматолозите.

Освен намалување на температурата на водата, изберете и лосион за миење на телото со глицерин или силикон – и двете состојки може да помогнат водата да се задржи на кожата, без да имате чувство дека таа ви е оголена.

НАШ СОВЕТ: Третманот со глицерински или силиконски лосион сепак сведете го еднаш на десетина дена

Негувајте ја кожата на вистинскиот начин

Еден од најважните фактори секако дека се и производите за нега на лице, па токму затоа изберете ги вистинските производи. Изберете ги оние кои ја измазнуваат кожата и го забавуваат стареењето, направени од природни и квалитетни состојки, поради кои луѓето едноставно нема да можат да се воздржат а да не ви дадат комплимент.

Најважни елементи за бричење

Бричењето на нозете автоматски ја суши и кожата, бидејќи го отстранува површински слој. Обезбедете им ја многу потребната нега на нозете со помош на безмирисната крема за бричење, а обидете се и со мазен жилет со неколку сечила и вградена навлажнувачка лента.

Без првут

Многу жени мислат дека сувата кожа на главата е причина за непријатните бели ’снегулки’, но првутот е, обично, резултат од бактериска нерамнотежа.

Сепак, митот често прави жените да мислат дека треба да користат дополнителен регенератор на скалпот, но тоа не е решение – на тој начин првутот станува поизразен. Наместо тоа, се сугерира нежно миење на косата секој ден – да, тоа е често – и користење пилинг третман, како на пример со маска за скалп еднаш неделно доколку првутот не исчезне.

Вклучете маска за коса во вашата рутина

Честото шампонирање може да биде добро за вашиот скалп, но тоа може да ја отстрани дополнителната влага од косатаа па затоа еднаш или два пати неделно почестете ја косата со екстра храна – како на пример маска.

Изберете некоја добра маска и користете ја наместо регенератор, а за да добиете максимален ефект измијте ја косата, исушете ја со крпа, потоа нанесета ја маската од краевите на косата па по целата должина и оставете ја да дејствува пет до седум минути пред да ја исплакнете.

Лосион за туширање

Кога сме на оваа тема, знаеме дека оние кои се склони на егзема и на сува кожа в зиме може да бидат особено чувствителни на мириси, па затоа тие треба да избегнуваат креми и масла за тело со тежок мирис. Наместо нив, ви препорачуваме повторно да нанесете безмирисен навлажнувач пред спиење. Нека ви стојат секогаш до креветот.

Не заборавајте ги пазувите

Не, пазувите навистина не се сексипилни, но ако имате сува кожа и јадеж, тогаш знаете колку болно може да биде тоа. Користете дезодоранс со хидратантни состојки.

Креми за раце

За зимска нега на кожата на рацете, околу ноктите, глуждовите и за ноктите ви препорачуваме крема врз база на путер или маслиново масло. Но, ќе ни бидете особено благодарни и за следниот совет: Купете повеќе пакувања и секогаш имајте едно дома, на работа и едно во чантата.

Фото: unsplash

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button