Оваа боја најдобро ја лечи зимската депресија – носете ја!
Во студените зимски месеци ние обично носиме модели во земјени или потемни нијанси, но оваа смела боја дефинитивно може да ни биде лек од зимската депресија!
Во зима најчесто носите темни и црни парчиња? Не грижете се, и ние, исто така. Иако навистина не сме нешто посебно горди на тоа, бидејќи всушност стануваме многу досадни и монотони кога е нашиот моден израз во прашање. Бојата која ќе го подигне изгледот, но и нашето расположение дефинитивно е – жолтата! Во морето на униформирани, монохроматски и темни парчиња, замислете како носите светло жолто палто или чанта со синџир која е во оваа генијална и впечатлива нијанса. За среќа, во понудата на познатите „хај-стрит“ брендови постојат многу фантастични парчиња во овие шик нијанси, и покрај тоа што сме далеку од пролетната сезона.
И како што вели институтот Пантон, позната онлајн платформа која ги диктира популарните бои на сезоната, жолта боја ја означува среќата, надежта, топлината, љубовта и општото добро чувство. Поради тоа делува како да го подига расположението и во моментов е во тренд.
Bershka, H&M , H&M
И верувајте ни дека ќе бидете потполно изненадени кога ќе видите какви преубави жолти фустани има во понудата на познатите „хај-стрит“ брендови кои целосно можеме да ги замислиме кога ги комбинираме со чизми над колена и капут лежерно префрлен преку рамото.
Zara, Bershka
Или модни додатоци кои во оваа боја исто така се хит, а тука се и пуловерите, здолништата, обувките …