Оваа бабичка на 92 години реши да земе четка во рацете и да почна да ги украсува ѕидовите на куќите во нејзиното село
Оваа бабичка ќе ви го разубави денот
92-годишната Анешка Агнес Кашпаркова е поранешна земјоделка, која со нетрпение ги чека топлите, сончеви денови кога ќе ја земе четката во рацете и се занимава со својата голема страст – ги слика ѕидовите, вратите и прозорците на куќа во родното село Лука, во Чешка.
Анешка ја користи сината боја, на бела позадина, а мотивите се испреплетени цветни дезени инспирирани од традиционалните моравски уметнички дела.
Нејзината уметност и донесе многу награди и пофалби на социјалните мрежи, но таа скромно вели дека тоа го прави поради задоволство, а не заради слава и пофалби.
„Едноставно ми се допаѓа тоа што го правам, ништо од тоа не е ми е толку тешко и сакам да помогнам моето село да изгледа поубаво и повесело. Јас сум најсреќна кога имам четка во рацете и ја создавам мојата магија“, вели оваа симпатична 92 годишна бабичка која со својата креативност и преубави цртежи го воодушеви целиот свет.
Фото: Обец Лоука и Антонин Врба