Ова се сестрите Петра и Јелена што загинаа враќајќи се од роденденска прослава – цела Хрватска во тага
Страшна несреќа што го потресе регионот

Во страшна сообраќајна несреќа животот го изгубија две млади девојки, Петра К. која имаше 21 година и нејзината 25 годишна сестра Јелена К.
Сестрите Петра и Јелена настрадаа во страшна сообраќајна несреќа кога се враќаа од роденденска прослава. Тие се од Каштела, а се ќерки на Рената К., која е пратеничка во општинскиот совет на Леќевица, општина во сплитско-далматинскиот регион.
„И оваа страница, и Каштела и Згора, завеани се во црно. Душата плаче за милите девојки. Две сестри, убави како ангели, отидоа со ангелите. Боже мили, утеши и помилувај ја со својата љубов нашата Рената и нејзиното семејство“, пишува во емотивната објава која што на социјалните мрежи ја објави Хрвоје Малеш, некогашниот претседател на Хајдук.
Маркетинг

Несреќата се случи вчера, 40 минути по полноќ, кога Петра и Јелена тргнаа дома по прославата на 25-от роденден на постарата сестра.
Тие излегувале од паркингот возејќи „шкода октавија“ кога на нив налетал „мерцедес“ управуван од 19 годишно момче.
Како што пишува Слободна Далмација, првиот алкотест на 19-годишниот возач покажал дека во неговата крв нема присуство на алкохол.

Од силниот удар возилото во кое биле девојките одлетало 30 метри, а ударот толку бил силен што и моторот бил исфрлен од автомобилот.
Девојките починале на лице место, а 19 годишното момче што управувал со мерцедесот е со полесни повреди.

Како што пишуваат хрватските медиуми, Петра се занимавала со продажба на недвижнини. Нејзината четири години постара сестра Јелена обожавала мода и носила ревии и во Италија. Биле активни и во црквените кругови исто како и нивната мајка Рената, голема активистка за зачувување на средината во нивната општина.

Таа пред неколку дена протестирала против градење ветерници на истата локација и застанала со автомобилот пред багерите.

Од младите девојки на социјалните мрежи се збогуваат бројните пријатели што ги познаваа наведувајќи дека станува збор за прекрасни девојки.
Во Каштела, Денес е ден на жалост и знамињата ќе бидат спуштени на пола копје, а нема да се одржуваат програми и настани со забавни содржини. „Сочувствуваме со семејството и пријателите на смртно настраданите девојки и на овој начин изразуваме искрено сочувство“, порачаа од Градот Каштела.