Ова се новите ПАПУЧИ за кои Лила платила цена со која сите ги ШOKИPAШЕ – две просечни плати за еден пар влечки?
Познатата водителка се пофали со новите папучи…
Лила Филиповска беше пресреќна кога својата колекција со чевли ја збогати со уште еден скапоцен пар папучи.
Овој пат во прашање е модел од Диор кој ако го побарате на интернет ќе видите дека се продава по цена од 893 евра што е отприлика колку и две просечни плати во Македонија.
Но познато е дека шармантната водителка не жали пари кога се во прашање облеката и модните додатоци.
Лила и претходно ги изненадуваше своите следбеници со скапи папучи какви носат и светските познати ѕвезди.
Таа важи за дама коа не жали пари кога е во прашање купување на облека и чевли, заради што нејзиниот гардеробер е преполн со скапоцена, брендирана облека, а и со чевлите ситуацијата не е поразлична што впрочем може да се види и од нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, Лила троши огромни суми на пари и тоа не само за моделите со високи потпетици, туку и за обичните папучи.
Таков е и овој модел од познатиот бренд со кој Лила се пофали има цена од приближно 1000 евра.
Покрај овој модел таа има и многу други скапоцени модели, а едни од нив се и оние со крзно кои беа мошне популарни во изминативе неколку сезони.
И додека некои девојки не би ги носеле и да им ги даваат бесплатно, на Лила како и на многу други познати дами, овие тренди модели посебно им се допаднаа, па без проблем во нив инвестираа поприлично голема сума на пари.
Впрочем таков беше и уште еден модел од Гучи што Лила го има во своите плакари, а беше хит во светот.
Во прашање е модел кој е совршен спој на мокасини и папучи, а кој го носеа и многу други наши познати фаци.
Истиот му беше омилен и на Боки 13, кој во тоа време беше мошне близок со познатата водителка.
Како изгледаше и тој во овие папучи, но и неколку необични модели на пејачките од регионот, погледнете во продолжение:
На крајот од галеријата погледнете уште неколку папучи кои ќе бидат вистински хит оваа пролетна сезона.
Јелена Карлеуша
Дара Бубамара
Барбара Бобак
БОНУС ГАЛЕРИЈА
Што ќе биде хит ова лето?
Оваа сезона кога се обувките во прашање на прво место се високите платформи, спортските модели за на базен и рамните сандали. Сите тие се крајно едноставни за стилизирање, а како изгледаат некои од најпопуларните модели од познатите брендови погледнете во продолжение…
Balenciaga
Khaite
Versace
Bergdorf Goodman
Larroude
JW Anderson
Hoka One
& Other Stories
Givenchy
Hozen
Gabriela Hearst
Wandler
Miu Miu
Mach & Mach
Bottega Veneta
Staud
Bottega Veneta
Jacquemus