Ова НИКОЈ не го очекуваше од Кејт Мидлтон – војвотката во најпровокативното издание што сме ја виделе досега (фото)
Ова никој не го очекуваше од неа

На „Royal Variety“ перформансот во лондонскиот театар Паладиум главни гости беа војвотката и војводата од Кембриџ.
Кејт Мидлтон и принцот Хари на овој настан се појавија во едно од најгламурозните изданија досега, а посебно Кејт која со својот крајно необичен стилски избор ги збуни сите, но воедно и ги воодушеви модните фанатици.
Имено, убавата 37 годишна војвотка носеше преубава креација, во која нејзиното тело изгледаше одлично.

Таа се појави во долг фустан од „Alexander McQueen“ направен од црна проѕирна тантела под која се гледаше поставата во боја на кожа.
Креацијата делумно е со отворен грб, а црната кадифена лента дополнително ја истакна нејзината тенка половина.

Кејт целото издание го зачини со црни високи потпетици, плико чанта и златни обетки, како и со раскошните бранови во нејзината преубава коса.