Ова никој не го очекуваше – Еве колку ќе се намалат платите на функционерите!

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа за законот за плати дека ќе се менува функционерските плати рече дека ќе се формира работна група за платите на функционерите.
– Добивме задолжение од владата за формирање на работна група за законот за платите на функционерите од неколку министри која треба да работат на нов закон за избрани и именувани лица за да направиме поправедно решение и ослободиме дел од сретствата. Тоа е клучно во одредени временски периоди кога треба да покажемме солодарност.

Ќе ослободиме сретства зошто решението нема да се донесе за еден месец, туку во временски период кога сретствата планирани за плати ќе бидат планирани за антикризни мерки. – вели Битиќи.
Синдикатите и економските експерти ја коментираат изјавата на вицепремиерот како предизборна одлука и начин како да се придобие поголемо гласачко тело.
Според нив, сè уште не се знае кога и за колку ќе се намалат платите на функционерите и дали тие пари ќе бидат доволни за да им помогнат на граѓаните.

Според синдикатите, доколку се донесе одлука за намалување на платите, треба да се консултираат сите членови на Социоекономскиот совет, а не да се носи одлука без претходна консултација, како што беше случај со зголемувањето на платите кога се вадеа на одлуката на Уставен суд.
Генерално, ставот на Сојузот на синдикати на Македонија е дека одлуката е политичка мерка за да се добијат повеќе поени кај народот пред претстојните избори.

– Ниту еден синдикат не побара да се намалат платите на функционерите, туку ние баравме да се зголемат платите на вработените во УПОЗ за исто толкав процент и на ист начин како што се зголемија нивните плати.
Ако функционерите ги намалат платите, ние очекуваме дел од тие средства да бидат наменети за зголемување на платите на работниците и одлуката да не биде само обид за добивање гласови на наредните парламентарни избори – изјави за весникот ВЕЧЕР Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.
Според него, треба да се има предвид дека зголемувањето на функционерските плати е во време на најголема инфлација и оти зголемувањето на платите ќе продолжи и наредната година, кога се очекува ново усогласување со просечната плата.

Неофицијално, владини извори за Сител брифираат дека намалувањето ќе биде поголемо, па од 78-те проценти покачување ќе останат 10.
Работна група на следната седница ќе треба да презентира неколку предлози. Интенцијата, како што дознава Сител, било да се премости периодот додека се донесе новиот закон за плати во јавниот сектор.
Синдикатите сметаат дека ова е обид да се намали незадоволството кај граѓаните. Бараат платите да се вратат на старото ниво.

Владата уште пред половина година најави дека ќе се кратат коефициентите и така самите ќе ги намалат платите, па потоа се премисли и рече дека ќе се чека нов закон за систем на плати во целиот јавен сектор.
Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата.
Највисок коефициент од 4.5 имаат шефот на државата, премиерот и собранискиот спикер, а по нив се нивните заменици, министрите, пратениците…

Законот предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години беше замрзната на пониско ниво.
Судот во март одлучи да го укине замрзнувањето, по што платите се зголемија за цели 78%.




