Ова момче ќе свири на пoгpeбoт на Џеј – малиот Јоца ќе му ја исполни ПОСЛЕДНАТА желба на легендата, еве како ќе звучи тоа
Фановите се збогуваат од Џеј
Зоран Јагодиќ Руле, кумот на пејачот Џеј Рамадановски, вели дека на пoгpeбот ќе биде исполнета неговата последна желба – на гробот да му засвират 50 виолини.
Пејачот Џеј Рамадановски ќе биде закопан во петок, на 11 декември, во 14.30 часот во Алејата на заслужните граѓани на Новите гpoбишта во Белград, а пoгpeбот го подготвува семејството на пејачот, како и кумот.
Се слушам со неговите ќерки. Марија е со мама, а Ана е дома. Минуваат денови, го нема да ни се јави, и се потешко ни е. Во кафуле сме на Дорчол, доаѓаат луѓе, пријатели, веста сите ги погоди многу. Семејството и јас се занимаваме со пoгpeбот, соработуваме за сé што треба.
„Имаше желба кога ќе пoчине на гpoбот да му свират 50 виолини, ја обожаваше таа музика од 60-тите. Ги собравме сите музичари, ќе го испратиме како што замислил и како му доликува“, изјави Зоран.
Како што пренесува српскиот Курир, на неговиот пoгpeб ќе присуствуваат многу музичари, околу 20-3о свирачи, потоа Оркестарот на Коле, виолини на чело со Момо Станојевиќ, виолините од РТС, Перица Васиќ, малиот Јоца, наследникот на Бобан Воз, како и музичарот Мицко.
Да потсетиме, на Џеј му се слоши во неговиот стан во Белград, каде беше во изолација заради вирусот корона, па екипите на Брза помош набргу стигнаа на лице место и започнаа реанимација, но за жал и покрај напорите на докторите, пејачот не можеше да биде спасен.
— Omlet Sa Slaninom ? ? (@bozha_g) December 6, 2020
Пoгpeбот ќе го организираат неговите ќерки Ана и Марија, а ќе пoчива до популарниот актер Иван Бекјарев, чуј живот неодамна згасна од опакиот вирус корона.
Најголемата љубов во животот на Џеј
Популарниот фолк пејач многу често зборуваше за сопруга Нада со која доби две ќерки, Ана и Марија. Тој се уште го има и нејзиното име истетовирано на рацете.
Нада никогаш не сакала јавно да се експонира, а на сите заради неговите најемотивни песни им е јасно каква жена била таа.
Колку пејачот ја сакал, иако беа резведени, зборува и тоа што во последните интервјуа популарниот пејач зборуваше само за неа.
„Колку и да лутав, секогаш доаѓав дома, се обидував да бидам совршен маж, но мислам ден-денес дека сум подобар поранешен сопруг, отколку што бев во бракот“, изјави Џеј неодамна во емисијата „Балканска улица“.
„Немам љубов. Понекогаш ќе ми недостига, но јас знам дека мојата поранешна сопруга Нада е нареден херој. Ми роди две деца, секоја чест и на другите жени што биле со мене, но Нада е Нада. Можам да најдам друга девојка, да ја заинтересирам, но што со тоа. По Нада имав само четири посериозно, но.. Живеев така, заработував, трошев“, раскажуваше пејачот во една пригода за својата сопруга.
Џеј и неговата сопруга Нада своевремено созреваа задно низ бракот и внимаваа еден на друг, па и по разводот останаа блиски и пријатели, посебно заради грижата за нивните наследнички. И една од ретките фотографии на Нада ја објави нејзината ќерка Марија.