Ова млада дама е прогласена за најубавата девојка од Македонија – што мислите колку е висока? (фото)
Оваа е нашата Мис Универзум за 2024 година
Нашата Мис Универзум е оваа младa дама
Теа Ѓоргиевска од Куманово е прогласена за Мис на Македонија за 2024 и ќе не преставува на Мис Универзум во Мексико.
Оваа дама ќе не преставува на изборот за најубавата девојка на светот што оваа година ќе се одржи на 16 ноември во Мексико.
За титулата Мис на Македонија се натпреваруваа 20 финалистки, а 21-годишната Теа што ја освои титулата е дел од модното студио „Црнокрак“ на познатиот македонски пар Светлана и Мики Црнокрак.
Инстаграм/ Теа Ѓоргиевска
Потсетуваме, во нашата земја веќе 15 години немаше одржано избор за Мис на Македонија, а на овогодишниот избор за најубавата Македонка што ќе ја претставува нашата земја на Мис Универзум во Мексико се појавија и нашите поранешни познати убавици.
Една од нив беше водителката Татјана Стојановска која во 1992 година беше прогласена за мис на Македонија, како и Ирена Спировска, која беше дел од жирито на овој престижен настан.
Инстаграм/ Теа Ѓоргиевска
Младата убавица од Куманово што беше избрана е висока 180 сантиметри и на доделувањето блескаше во сина тоалета.
Круна и годишен договор од 50.000 евра
Теа ќе не претставува на светскиот избор за убавина што ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити, Мексико.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Таа со победата покрај освоената круна и можноста да отпатува во Мексико и заедно со уште 130 девојки од целиот свет да не преставува на ова престижно натпреварување, доби и договор во вредност од 50.000 евра од турската модна агенција „Даман“ која што го организираше изборот и која што ја купи лиценцата за овој настан, а на чие чело стои Шакир Села, нашинец кој живее и работи во Турција.