Ова мало девојче од Македонија денес е ГОЛЕМА ЅВЕЗДА на целиот Балкан – но успехот не се случи преку ноќ
И покрај емотивниот бродолом што го доживеа непосредно пред финалето, оваа млада дама успеа да победи...
Оваа наша млада пејачка стекна голема популарност во „Ѕвездите на Гранд“, а малкумина се сеќаваат дека како малечка се натпреварувала и во шоуто за најмлади, „Некои нови клинци“.
Нејзината фотографија од ова време беше објавена на порталот „Гранд.онлајн“, а за кого станува збор, ќе дознаете во продолжение.
Имено, многу наши музичари се прославиле во соработка со Гранд продукција, а некои од нив направиле и сериозна кариера благодарение нивните популарни шоуа каде за прв пат се појавиле пред поширок аудиториум и со својот талент ги воодушевиле сите.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Па така на пример во „Ѕвездите на Гранд“ во изминативе сезони имавме бројни кандидати од Македонија кои со својот вонсериски талент никого не оставија рамнодушен, а двајца од нив, Ристе Ристески и Славица Ангелова успеаја и да победат во ова популарно музичко шоу.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Шармантната струмичанка победи во последната сезона и во моментов е на сигурен пат да направи сериозна музичка кариера.
Фото: Принтскрин/ Некои нови клинци
Но малкумина се сеќаваат дека таа како мала се натпреваруваше и во „Некои нови клинци“ каде ги направи своите први чекори.
Фото: Принтскрин/ Некои нови клинци
Славица се натпреваруваше во 2016 година, кога имаше само 14 години и во шоуто покажа голем талент.
Од фотографијата што деновиве „исплива“ можеме да видиме дека младата пејачката од Струмица од тогаш поприлично се променила, но страста кон музиката и пеењето очигледно останале исти.
Славица своевремено се натпреваруваше и во бугарскиот „The Voice“, а како оваа млада и талентирана наша пејачка изгледаше и звучеше тогаш, погледнете од видеата и фотографиите во продолжение.
Инаку, Славица покај својата музичка кариера таа паралелно студира и медицински факултет и не се откажува од студиите. Како што самата вели за себе, по природа е амбициозна и опуштена, но понекогаш знае да биде и поприлично тврдоглава, па се надеваме дека ваквиот нејзин карактер ќе допринесе да биде успешна и на двете полиња.
Пред последниот нејзин настап во „Ѕвездите на Гранд“, каде триумфираше минатата сезона, на неа и се случи емотивен бродолом.
Фото: Принтскрин/ Некои нови клинци
Пејачката и по победата не сакаше да зборува за тоа, но очигледно беше дека одвај ги задржа солзите пред да излезе на сцената.
Фото: Принтскрин/ Некои нови клинци
Како Славица изгледаше и тогаш, погледнете во продолжение…