Ова лето Албанија е ХИТ дестинација – ТОП 5 најубави плажи од кои запира здивот, скриен рај за малку пари
Ова лето Албанија станува популарна летна дестинација, благодарение на неверојатнатото, а досега неоткриено крајбрежје. На албанската ривиера постојат толку убави плажи кои можат да се мерат со оние во Грција, а еве неколку од нив.
Плажа Ѓипе
Еден од скриентите бисери на Албанија е прекрасната плажа Ѓипе која се наоѓа недалеку од Валона. Посетителите до неа можат да дојдат со брод или автомобил, но во тој случај мора малку да пешачат до неа.
Плажата е опкружена со високи карпи, па ќе имате чувство како да се наоѓате на пуст остров. Водите на Јонското море се кристално бистри, а многумина велат дека очите „болат“ од толкаво синило.
Плажа Грамата
Една од најубавите плажи во Албанија, заливот Грамата е прекрасно место на кое може да поминете ден, а е во близина на Валона.
Дозволено е кампување, но задолжително носете вода, храна и друго што ви е потребно зошто Грамата беј е изолирана и дива плажа на која нема ништо.
Плажа Дерми
Плажата и истоименото место Дерми се наоѓаат на 42 километри од Валона, а летувалиштето е познато по ноќниот живот и традиционалните камени куќи.
Последните години се повеќе скандинавски туристи доаѓаат тука. Сепак и натаму местото е поштедено од масовен туризам во однос на други дестинации во Албанија.
Плажа Ксамил
Во прашање е место со неколку заливи, така што нема да ви биде проблем да пронајдете добро место.
Истоименото место и плажа се дел од Националниот парк Бутринт, а се наоѓа недалеку од Саранда.
Ксамил навистина се смета за европски рај, па не е ниту чудо што местото во јули и август е преполно со луѓе. Најдобро време за посета дефинитивно е мај или почетокот на јуни, но и по завршувањето на ударната сезона, односно во септември.
Плажа Пулебарда
Во превод значи плажа на галебите и се наоѓа меѓу Саранда и Ксамил. За да стигнете до неа може да одите со автобус кој вози на секој час од Саранда. Потребно е дамо да му кажете на возачот дека одите до неа, а потоа пешки ќе се спуштите од главниот пат. Ве чека 20 минути одење, кое целосно е исплатливо. Исто така, приодот со возило е возможен, но треба да бидете внимателно зошто последниот дел од патот е каменест.