Ова е условот за комплетно укинување на полицискиот час во Србија! Дали може и кај нас наскоро ќе се примени?
Во последните 24 часа, потврдени се уште 102 случаи позитивни на коронавирусот во Србија, што е трет ден по ред во кој се намалува бројот на позитиви, што го поставува прашањето за целосно укинување на полицискиот час.
Раководителот на Клиниката за инфективни и тропски болести, д-р Горан Стевановиќ, рече дека по ова ќе следи детална „епидемиолошка проценка“.
„Потребно е да имаме ваков сооднос уште неколку дена со процентот на заразени лица во однос на тестираниот број, дека овој процент треба да биде помал од пет проценти и дека тоа ги дава условите за укинување на полицискиот час – тоа е, ублажување на мерките“, рече Стевановиќ.
Владата на Србијаги релаксира некои мерки од почетокот на следната недела, како што е јавниот превоз или кработата на кафичите, но полицискиот час (6 до 17 часот) останува на сила.
„Ако овој тренд продолжи за една недела или две, можеме да се надеваме дека ќе ги прекинат сите овие мерки. Ние сепак мора да ги почитуваме превентивните мерки и социјалната дистанца“, рече Горан Стевановиќ на почетокот на своето обраќање.
Коронавирусот и кај нас пополека се стишува. Веќе нема активни случаи на коронавирусот Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар каде имаше заболени од Ковид-19 веќе нема активни случаи.
„Полека ја добиваме битката со вирусот. Но да не заборавиме дека сите мерки мора да продолжат да се почитуваат. Да бидеме доследни и одговорни до крај“, вели министерто за здравство Венко Филипче.
Пополека се стишува епидемијата во земјава, за тоа е и доказ големиот број на излечени пациенти изминатите денови.Пополека животот ќе ни се врати во нормала, но како што напомена министерот на своите прес-конференции ќе мора да се почитуваат одредени , протоколи во рестораните, кафулињата и работните места.