Ова е синот на Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ: По борбата за потомство се роди Иван- денес е посветен студент, не сака да се занимава со музика а еве на што е посветен!
Иван е скромно момче...
Популарната естрадна двојка Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ важи за една од најхармоничните на јавната сцена, во брак се повеќе од 30 години, а круна на нивната љубов е синот Иван.
Се заколнаа на својата вечна љубов во 1989 година, а една деценија подоцна станаа горди родители.
По борбата на Биља и Аца за потомство, Иван се роди во 1999 година, а брачната двојка покрај работните обврски на прво место ги става потребите на синот.
Тие се посветени на своето единствено дете на кое се бескрајно горди. Иако е дете на познати и успешни родители, тој секогаш се трудел да живее скромно, а барем засега не го привлекува животот пред камерите, туку се посветил на студиите и е апсолвент на Правен факултет во Белград.
Синот на Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ не сака претерано да се експонира во медиумитеа таа одлука неговите познати родители ја почитуваат, но јавноста во неколку наврати имаше можност да види како изгледа наследникот на познатата естрадна двојка.
Сопружниците приредија голема прослава за својот наследник по повод неговото полнолетство, а потоа Билјана за медиумите проговори:
– Осумнаесет години поминаа додека да трепнеш. Иван до вчера беше дете, а сега веќе е сериозно момче – рече тогаш таа и додаде:
– Иван е нашиот единствен син и ние сме подготвени да му ја исполниме секоја желба, но тој е скромен – истакна пејачката а Аца откри колку е скромен Иван:
– Рече дека е задоволен од забавата што му ја приредивме и не бараше ништо посебно – посочи гордиот тато, а потоа призна дека нема афинитети за пеење, но слуша квалитетна музика:
– Среќен сум што мојот Иван слуша квалитетна музика, домашна и странска, без разлика на жанр. Знае да процени кој добро пее или свири. Слуша и народна музика, авторски композиции. Верувајте ми, тој знае повеќе песни од татко му, посочи пејачот.
Иван денес е студент на Правниот факултет и е во среќна врск. Често пати знае на својот Инстаграм профил да објави фотографии со својата девојка.