Ретко ја гледаме насмена, а така беше и на кралската венчавка
Викторија Бекам и нејзиниот сопруг беа во центарот на вниманието на кралската венчавка што се случи минатиот викенд. Но додека Дејвид Бекам во сите медиуми беше оценет како еден од најдобро облечените гости, Викторија ги изненади сите како со нејзиниот монотона комбинација, така и со киселиот израз на лицето и фактот дека ниту еднаш за време на венчавката не се ни насмеа.
Но информациите до кои сега дојдоа британските медиуми фрлаат потполно ново светло на нејзиното необично однесување.
Имено, според нив еден ден пред венчавката Дејвид Бекам беше излезен и на популарната организаторка на кралската венчална церемонија Кари Кебл Вајт и испрати една тура со пијачка, што не и се допадна на неговата сопруга. Како што пренесуваат медиумите, Кари тогаш објавила „селфи“ фотографија со Дејвид и му се заблагодари на пијалакот, а потоа фотографијата набргу ја избришала со што целата ситуација изгледа уште посомнително.
https://www.instagram.com/p/BhkCnI8FPNU/?taken-by=karakeblewhite
Ниту Кара, ниту пак Викторија и Дејвид се уште се немаат огласено за да ги искоментираат овие наводи на медиумите.