Реклама
Наши ѕвезди

Ова е првата голема љубов на Бали-бег која му го скрши срцето – лудо ја сакаше, но нејзиното семејство никогаш не го прифати

Реклама

Пред нешто повеќе од година дена Бали-бег и неговата колешка, убавата Фахрије Евџен, се заколнаа на вечна љубов.

Тие тогаш го кажаа своето судбинско „да“ на Босфорот, а денес, откако им се роди синот, уживаат во родителските денови.

Маркетинг

Но на познатиот турски фраер не му цветале рози во љубовта отсекогаш. Пред да ја запознае Фахрије, Бали-бег беше лудо вљубен во една друга девојка која што му го скрши срцето. Во прашање е поранешната водителка на „Фешн ТВ“, убавата Џејлан Чапи.

Маркетинг

Џејлан и Бурак беа повеќе години во врска, но во 2014 се разделија, а ден-денес точно не е познато зошто.

Во еден турски таблоид како бомба одекна веста дека причината била во тоа што Џејлан го пронашла својот љубовник во кревет со друг маж, па тоа наводно била причината што го оставила. Но подоцна се појавија гласините дека Џејлан всушност го оставила Бурак заради своето богато семејство, бидејќи познатиот турски заводник бил од сиромашно семејство и со скромно воспитување. Па така додека на богатата водителка родителите и обезбедија се во животот, актерот морал се сам да заработи.

Набргу поради разликите во карактерите тие почнале почесто да се расправаат, а Озчивит никако не беше прифатен од семејството на Џејлан. Нивната разделба беше неминовна, а Бурак остана со скршено срце.

Сепак, Озчивит на крај успеа да ја најде својата сродна душа. Тој се запозна со Фахрије која му ја врати верата во љубовта.

„Набргу откако се разделивме почнав да работам многу. Потоа ја запознав Фахрије, со која најпрво бевме само пријатели. Искуството ме научи дека љубовта може да биде опасна, а јас заради неа не сакав да ја губам главата. Фахрије ме убеди дека вистинската љубов сепак постои“, изјави своевремено миленикот на женските срца, Бурак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button