Ова е новото нормално на кое мора да се навикнеме: Вака изгледа светот по излегувањето од карантин (ФОТО)
Пандемијата од коронавирус има влијание врз секој од нас, без оглед на кој место во светот живееме.
Додека одредени земји ги попуштаат карантинските мерки, погледнете ги фотографиите од разни делови од светот кои покажуваат како секојдневниот живот изгледа денеска – и барем таков ќе остане уште некое време.
Училници
Повторното отворање на училиштата и градинките, со почитување на социјалното дистапцирање, е голем предизвики како за наставниците, така и за децата.
Училниците какви што досега ги знаевме се прилагодуваат на новите услови, а многу родители, посебно оние со мали деца, се загрижени дали дечињата ќе успеат да одржуваат дистанца.
Во италијанскиот град Ивреа две детски градинки ги отворија своите дворови во рамки на пилот програмата која треба да ги тестира форматите во кои наставата би можела да се одржува после карантинот.
Паркови
Се сеќавате на долгите прошетки низ парковите и бројните семејства кои одмараат на трева додека други џогираат покрај нив: Парковите по карантинот изгледаат нешто поинаку.
Многу игралишта се затворени, а одредени зелени површини се отвораат за посетители, со задолжителни мерки за социјално дистанцирање. Во Домино паркот во Бруклин луѓето се одмараат и сончаат во кругови исцртани во тревата, кои служат како потсетник на неопходната дистанца.
Работа
Многумина во текот на карантинот работеа од дома, комуницирајќи со колегите преку видео повици.
Меѓутао, деловните згради мора да се прилагодат на враќањето на вработените на работните места. Бокдови од проѕирна пластика поставени се во новиот склад во Јоханесбург, каде на аукциите се продаваат и до 300 милиони цветови.
Купување
Купувањето исто така се промени. Онлајн купувањето станува се популарно, а во многу супермаркети сè уште владеат ограничувања на бројот на луѓето, поради што на влезовите се создаваат редови.
Еден кројачки дуќан во Ротердам, Холандија користи боксови од плексиглас за да си овозможи безбеден контакт со муштериите.
Кројачот може да провлече раце низ дупките во боксот, за да земе мерка.
Одење во ресторан
И одењето во ресторан повеќе никогаш нема да биде исто: Луѓето седат на маси кои се одвоени со пластифицирани картонски прегради во Банкок, Тајланд.
Многу ресторани поставија прегради и го намалија бројот на места за да осигурат безбедно растојание меѓу муштериите.
Концерти
Иако животот во овој момент не функционира во вообичаениот ритам, тоа не значи дека не можеме да уживаме во работите кои ги сакаме, како што е музиката.
Тоа само значи дека концертите во наредниот период ќе изгледаат малку поинаку, како овој одржан во градот Гојанг, Јужна Кореја.
Жива музика – поп, инду и класична – посетителите можеа да слушаат во текот на тридневниот фестивал кој имаше навистина голем број посетители. Сите беа на безбедна дистанца, во удобноста на своите автомобили.