Реклама
Вирално

Ова е најмалото детенце што се води како исчезнато во Македонија – на овој ден му се губи секоја трага

Ги нема со години, нивните семејства очајни...

Реклама

Најмладото исчезнато лице во Македонија е 15-месечнта Елиф Фејзула од скопското село Стајковци.

Нејзината фотографија се уште стои на страницата на МВР со исчезнати лица од Македонија, а исчезна во страотната поплава што го зафати скопскиот регион на 6 и 7 август 2016 година.

Ова девојче исчезна на 15-месечна возраст, кога во моментот на страшното невреме по обиколницата се движело заедно со таткото.

Маркетинг

Тогаш големиот бран од поплавата почнал да го носи автомобилот по што на девојчето му се губи трагата, а таткото починал.

Маркетинг
Фото: Илустрација

Случајот го пријави чичкото на Елиф, а по девојчето полицијата и граѓаните трагаа со недели. Се трагаше и откако водата целосно се повлече, буквално се пребаруваше целиот регион, но ете, и по толку години, се уште нема никаква трага од девојчето чија фотографија се уште стои меѓу исчезнатите лица.

Инаку, првото официјално исчезнување се случило 1987 година, сред бел ден во близина на Олимпискиот базен во центарот на Скопје.

Фото: Илустрација

Тогаш мистериозно го снема петгодишниот Амет Алкан кој во моментот на исчезнувањето не бил сам, туку со другарче.

По извесно време детето со кое Амет бил во тој момент е пронајдено живо, но до ден-денешен никој не знае ништо за Амет.

По две години се случи и страотниот случај со деветгодишната Билјана Србиновска која исчезна на 24 декември 1989 година.

Петар Џобевски, роден 2011 година, исчезнува 2022 година во с. Врпско, Прилеп

Девојчето исчезна по излегување од играорното друштво „Танец“ и по булеварот Илинденска тргнува кон дома, но нема никогаш да стигне. Билјана мистериозно исчезнува во попладневните часови, за да неколку недели подоцна нејзиното безживотно тело биде пронајдено во атарот на скопското село Бразда. Нејзиното тело е пронајдено на 27 јануари 1990 година откако полицијата беше алармирана дека во новобетонирана шахта има нешто што наликува на човечки труп.

Како што пренесуваа тогаш медиум, некој врз ова дете со денови се изживувал но кој и зошто не е откриено до ден-денешен.

Фото: МВР

Инаку, на интернет страницата на МВР за исчезнати лица вкупно десет деца помлади од 18 години се водат како исчезнати.

Некои од нив се бараат и повеќе од деценија, но за ниту едно од нив нема никаква трага и покрај сите напори на полицијата.

Фото: МВР

Јавноста се уште го памти случајот и со Дане Мемеди и Мирсада Хелдовиќ кои во исчезна од иста населба и тоа во рок од неколку недели. Тие денес би биле полнолетни, а нивните фотографии се уште стојат меѓу исчезнатите лица на сајтот на МВР.

Фото: МВР

Дане е роден 2005 година, а исчезнува на 27.03.2010 година, додека Мирсада кој исто така е родена 2005 исчезнува на 12.04 истата година. И двете деца имаат по шест години во моментот на исчезнување, а речиси во истото време односно на 19.03.2010 година исчезнува и Митат Ибраими (7) од скопското село Средно Коњаре.

Фото: МВР

Сите овие лица кои во моментот на исчезнување биле малолетни се уште се водат како исчезнати на сајтот на МВР.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button