Ова е најголемиот бакшиш што познатата фолкерка Ирена Спасовска некогаш го добила од своите фанови
Македонската пејачка откри колку изнеувал највисокиот бакшиш кој го заработила во една вечер.
Ирена најискрено одговори на прашањето кое ите ги интересираше.
Фолк-пејачката Ирена Спасовска со години успешно плови во музичките води и екогаш ѝ упева да е актуелна и барана и покрај појавата на нови генерации музичари.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
Публиката ја обожава, а таа одлично знае и умее да ја крене на нозе.
На секој нејзин настап забавата е загарантирана.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
Пејачката гостуваше во емисијата, односно поткастот на Стефан Лазаров и Зоки Фаи, каде искрено одговараше на прашања и во врска со нејзиниот приватен живот и поврзани со работата која ја работи.
Таа на поткастот откри и колку изнесува најголемата сума на пари која ја земала како бакшиш во една вечер.
ФОТО: Инстаграм / Ирена Спасовска
„Највисок степен на задоволство е фрлање или давање бакшиш. Затоа што до него допрела музиката, е разгориле емоциите, едноставно тоа е посилно од тебе и некој да ти рече „не давај“, ти не можеш да не дадеш.
Ние не земаме бакшиш, нас ни даваат. Сѐ е тоа јавно, сѐ е тоа транспарентно. Ние тој бакшиш сме го заслужиле бидејќи човекот во тој момент можеби е на некое седмо небо.
Ние таа сума ја делиме со нашите колеги.
Сега колку, што знам колку. Па не премногу, околу 1500-1600 евра од човек сме делеле“, раскажа Ирена.