Ова е најгнасниот тренд за ова лето, а Ким Кардашијан го обожава – Погледнете, НЕ е лесно да ги носите овие „папучи“!
Тренд кој Кардашијан сака да го „протурка“ по секоја цена
Во прашање се папучите апостолки со потпетици, а по нејзините стапки тргнаа и многу други познати дами. Од друга страна пак, според коментарите на социјалните мрежи, можеме да прочитаме дека на многу девојки овој необичен летен тренд им изгледа неверојатно грдо.
Ваквиот модел пред многу години го прослави Жизел Бундшен која на насловната на „Вог“ позираше во апостолки со платформа кои тогаш популарно ги викаа „танга-сандали“. И тогаш едни беа уверени дека ваквиот модел ги издолжува и истенчува нозете, додека други беа згрозени од (не)естетиката на самиот дизајн.
Поради предниот дел потсетуваат на апостолки, додека во задниот, поради потпетицата на летни сандали.
Моделот што го носи познатата старлета секако дека припаѓа на Jeezy, брендот на нејзиниот сопруг Канје Вест. Но истиот можете да го најдете и на полиците кај многу други брендови како „Мanolo Blanhik“ и „Gianvito Rossi“ во кои можевме да видиме и голем број други ѕвезди.
Сепак, проблемот со овие папучи -сандали не е само во нивниот изглед. И удобноста кога ги носите е под голем знак прашалник. Имено, бидејќи пружаат слаба потпора во предниот дел, а петите ви се подигнати, воопшто не се препорачливи за носење, особено ако претерано ви се потат стапалата. А бидејќи станува збор за летни обувки, секако дека тоа не можете да го избегнете.
И тука настануваат вистинските проблеми. Но на најпознатата старлета на светот тоа очигледно не и пречи.