Ова е момчето што Русите го прогласија за херој – го ризикуваше животот за да ги спаси другите
Денес во Русија е Ден на жалост и знамињата се на пола копје, а ова момчето го прогласија за херој
Тој е јунак со кој се гордее цела Русија
И покрај тоа што насекаде околу него се случуваше хорот, тој успеа да остане смирен и да им помогне на исплашените луѓе.
Станува збор за младото момче Ислам Халилов кој има само 15 години, а во Русија е прогласен за херој затоа што спаси повеќе од 100 луѓе во Москва за време на нападот во концертната сала „Крокус“.
Тој на местото на терористичкиот напад се најде затоа што работи со скратено работно време како гардеробер и тој ден бил на смена, а кога се случи нападот, наместо да испаничи, остана смирен и на исплашените луѓе што сакаа да избегаат од вооружените терористи им покажуваше како да го најдат излезот.
На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа како Ислам им помага на луѓето, спасувајќи десетици животи.
🇷🇺 Fifteen-year-old Islam Khalilov emerges as a hero, saving over 100 lives during the Crocus City Hall terrorist attack.
Despite his young age, Islam, an ordinary schoolboy who worked part-time in the wardrobe, remained composed and followed emergency protocols meticulously.… pic.twitter.com/Pp7uyTryHA
— Russian Market (@runews) March 23, 2024
„Кога бев во толпата луѓе, тргнав кон вратата да ја отворам, па помислив дека терористите би можеле да излезат на скалите или од подвижните скали и да фрлат граната или да отворат смртоносен оган“.
„Но фала му на Бога, не се случи ништо. Успеав на време да ја отворам вратата“, вели Ислам благодарен што сите останале живи и здрави.
Еден од терористите (Фото: Принтскрин/ Твитер)
Потсетуваме, во петокот на 22 март во Москва се случи страшен терористички напад кога беа убиени 133 лица, меѓу кои и три деца.
Покрај починатите има и преку 150 ранети лица, а 11 осомничени се уапсени меѓу кои и терористите што го извршија нападот.
Според Федералната служба за безбедност на Русија терористите што го извршија страшниот напад во „Крокус сити хол“ се фатени додека се обидувале нелегално да ја преминат границата од Русија кон Украина, а наводно имале контакти на украинската страна.