Ова е момчето на Македонката ШТО ЈА СПОРЕДУВААТ со Драгана Мирковиќ во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Оваа млада дама од Македонија ќе ја гледаме во полуфиналето на популарното шоу

Младата пејачка Мелиса Зијадиќ од Македонија растури на својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа ги воодушеви сите и освои максимален број гласови со што директно се пласираше во полуфиналето.
Но на Мелиса овој настап и беше еден од најтешките и се соочуваше со сериозен проблем кој речиси никој не го забележа.
Имено младата пејачка беше болна и имаше проблеми со гласот, па по настапот самата го откри тоа и скромно изјави дека е презадоволна од гласањето иако според неа, можеби и не заслужила да помине во следниот круг, односно во полуфиналето.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сепак, претставниците на жирито потенцираа дека таа и болна звучела одлично на сцената и дека потполно заслужено оди во финалето.
Мелиса по овој настап застана пред камерите на Гранд и откри дека поддршката и советите што ги добива од својата менторка Цеца Ражнатовиќ и значат многу и дека потполно и верува.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Таа секогаш ме советува дека имам повеќе енергија и да дадам се од себе, инаку се друго е океј“, изјави таа за Гранд.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мелиса не крие и дека е срамежлива девојка, но и дека знае дека скромноста во оваа професија може да биде и мана.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа откри и дека голема поддршка добива од момчето кое во последната емисија навиваше за неа и ја бодреше од бекстејџот.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Мелиса е од прилепското село Лажани од каде се и големите музички ѕвезди, Јашар и Ипче Ахмедовски.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа има 18 години и за неа велат дека е новата Драгана Мирковиќ, а нејзината менторка Цеца не крие дека е воодушевена од неа.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од нејзиниот последен настап беа воодушевени и сите останати, а Ѓорѓе Давид и порач дека Македонија може да се гордее со неа.
Како сето тоа изгледаше на грандиозната сцена и како оваа млада дама звучеше додека во акапела варијанта пееше една убава македонска песна, слушнете и погледнете од видеото во продолжение…