Ова е момчето на Дани Димитровска? Пејачката ја објави првата ФОТОГРАФИЈА со него на Инстаграм, еве како изгледа

Изгледа среќно и задоволно

Пејачката Дани Димитровска е една од оние познати дами кои ретко откриваат детали од својот приватен живот.
Но токму затоа и нејзините обожаватели беа поприлично изненадени кога пејачката објави фотографија на која е во прегратките на еден маж. Имено, таа реши да си ги наполни батериите па замина на одмор, а друштво и прави нејзиното момче, поранешниот кошаркар Весел.
Таа фотографијата на која е во прегратките со саканиот ја објави во рамките на своите Инстаграм приказни.

Ова е една од ретките прилики да ја видиме познатата пејачка во едно вакво издание. Таа покрај оваа фотографија објави и неколку од плажа. На овие фотографии носеше кошула за да не изгори, а во долниот дел можеме да ја видиме нејзината тетоважа што ја има на ногата.

Покрај овие фотографии таа покажа и како изгледа нејзиното лице без шминка со што исто така ги воодушеви сите.

Од ова издание на Дани дефинитивно можеме да кажеме дека е една од оние дами за кои годините се само бројка. Имено, за неа времето како воопшто да не постои, па како што старее, изгледа се’ поубаво и поубаво.

Убедени сме дека кога би прашале колку години има пејачката, само малкумина би го знаеле точниот одговор.

Таа неодамна наполни 42 години, но како што кажавме, ретко кој би погодил дека пејачката е во петтата деценија од животот.

Инаку, Дани е во врска веќе подолго време. Нејзиното момче е сопственик на познато кафуле во населбата Аеродром.

Јавноста за него прв пат слушна кога беа задно на концерт во Париз, но тогаш немаше заеднички фотографии.

Познатата пејачка од претходниот брак има 20 годишен син, а во една пригода во интервју за Гламур магазин откри дека е мошне блиска со него, дека ужива во улогата на мајка, но и дека не сака да биде премногу напорна и строга, туку да служи за советување и да му даде љубов.
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
Фото: Инстаграм/ Дани Димитровска
