Реклама
Наши ѕвезди

Ова е момчето кое од семејството Заеви направи модни икони

Реклама

Ова момче е главниот виновник за модерниот изглед на дамите од семејството Заеви

Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев

Струмичанецот Драган Гоцев Даци е фризер и мејк-ап артист кој соработува с бројни ѕвезди од македонскиот џет-сет. Тој меѓу другото е и личен стилист и главниот „виновник“ за изгледот на дамите од семејството Заеви.

Иако е млад, досега се ма покажано како врвен професионален и виртуоз кога е разубавувањето на жените во прашање.

Маркетинг
Фото: фејсбук

Го фалат многумина, а во неговиот салон во Струмица жените чекаат ред со денови. Тој неодамна гостуваше во емисијата „Урбан таг“ и објасни дека кариерата ја започнал пред неколку години во еден многу познат салон во Бугарија каде работел со бројни познати личности. Што се однесува до сопругата на Зоран Заев, Зорица, Драган во интервјуто вели дека таа не е пребирлива жена и дека секогаш однапред знае што сака, но и дека личниот стил воопшто не го променила откако нејзиниот сопруг станал премиер на Македонија.

Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев

„Не е жена која пати од брендирана гардероба, туку за неа најважно е на крајот да биде своја“, вели Драган.

Маркетинг

Покрај Зорица Заева тој досега соработувал и со бројни други македонски познати дами, а меѓу нив и пејачката Антониа Гиговска и блогерката Љупка Митрова.

Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев
Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев

 


Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button