Реклама
Новости

Ова е милионерот што го освои срцето на пејачката со македонско потекло: „Боже, ти благодарам за сé!“

Пејачката покажа како нејзиниот сакан се грижи за нивната ќерка и со фотографијата ги воодушеви сите

Реклама

Пејачката излезе од породилното и сега е со семејството

Пејачката Надица Адемов се породи пред неколку дена и роди здраво женско дете на кое му го дадоа името Мелина

Ова име потекнува од латинското име Мелинда и има значење „слатка“, а Надиа уште од породилното објави слика од бебето.

Маркетинг

„Мојот борец, мојот херој! Добро ни дојде девојче мое, љубов и радост моја“, напиша тогаш пејачката под фотографијата што ја објави на Инстаграм, а сега објави и една од својот партнер кој ја држи нивната ќерка во рацете, а под неа го остави следниот коментар:

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

„Боже, ти благодарам за сé“, напиша Надица под фотографијата на која се гледа нејзиното момче Дамир како ја држи Мелина.

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Потсетуваме, пејачката Надица Адемов своето прво дете го доби со богатиот бизнисмен Дамир од Германија.

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Тие се заедно околу три години, но пејачката многу ретко објавува фотографии на кои се заедно.

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Од она што досега се пишуваше, мистериозниот маж наводно е милионер, а неодамна на Надица и подари Порше.

Тој е постар, крупен и моќен маж, а Надица прв пат го покажа кога направија забава за откривање на полот на бебето.

„Фала му на Господ што имам човек за кого не морам да мислам на иднината, туку тој мисли за иднината, не само финансиски туку целосно. Мислам дека таков човек заслужив, толку години работев и се мачев, па сега самиот Господ ми испрати човек на кого сум му благодарна“, изјави популарната фолк-пејачка во една пригода за „Гранд.онлајн“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Надица се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ уште во 2011 година кога успеа да стигне до финалето.

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Таа е родена како Надира Адемов, во главниот град на Македонија, но како мала со семејството се селат во Суботица.

Познатата фолк-пејачка во изминативе години беше во центарот на вниманието и заради нејзината поранешна врска со 14 години постариот клавијатурист Далибор Станојевиќ.

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Тие наводно во јуни 2017 година тајно се венчале во Виена, но таквиот избор на Надица не го поддржаа нејзините родители, Џулијан и Џемила Адемов, па заради јасниот изговор дека им го осрамотила презимето, тие направија радикален чекор. Имено, тие објавија оглас во еден дневен весник од Суботица дека се откажуваат од својата ќерка и дека се оградуваат од сите нејзини понатамошни постапки.

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Но до свадбата не дојде затоа што Далибор беше затворен во Виена и обвинет за неколку кривични дела.

Надица веќе следната година, во јули 2018, објави вест дека се свршила со новото момче Ненад Паунковиќ со кого тогаш беше во врска и кој ја запроси по романтичната вечера додека летале со хеликоптер во Виена. Пејачката тогаш веднаш се пофали со вереничкиот прстен на социјалните мрежи, но, за жал, и оваа врска не траеше долго, така што Надица по некое време објави дека повеќе не е верена.

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Фото: Инстаграм/ Надица Адемов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button