Ова е Македонката што го освои второ место во „Пинк ѕвездички“ – цел Балкан беше воодушевен од неа
Порасна во неверојатна убавица...
Кога пред десетина години се појави во „Пинк ѕвездички“ нема некој што остана рамнодушен на нејзиниот талент.
Таа тогаш од емисија во емисија воодушевуваше со своите настапи, а Гоца Тржан уште тогаш и порача дека е спремна за светска кариера.
Да, станува збор за нашата пејачка Мартија Станојковиќ коа во меѓувреме порасна во вистинска убавица и една од нашите најпознати пејачки од помладата генерација со неколку песни кои станаа хитови.
Мартија денес често добива комплименти на сметка на својот изглед, посебно кога ќе објави фотки во провокативно издание.
Таа во Пинк ѕвездички се натпреваруваше во 2015 и 2016 година, кога го освои второто место и беше една од најдобрите во шоуто.
Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Мартија тогаш имаше 12 години, а на оваа возраст ја преставуваше Македонија на Евровизија со песната „Love will lead our way“.
Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Некои од нејзините изведби во Пинк ѕвездички се уште се вртат на социјалните мрежи и имаат стотици илјади прегледи.
Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Таа во меѓувреме порасна и во април годинава го прослави својот 20-ти роденден, а пред неколку месеци го издаде спотот за песната „Анатомија“.
Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Мартија е поприлично активна и на социјалните мрежи каде секоја нејзина објава предизвикува позитивни реакции, а колку таа се променила од почетокот на нејзината кариера кога се натпреваруваше во популарното музичко талент-шоу за најмладите, па се до сега, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Инстаграм/ Мартија Станојковиќ