Вирално

Е мој Балкане, Балкане – малолетни деца штитеници врзани за мебелот и радијаторите

Advertisement

Како да се животни, а не деца

Advertisement

Шокантни детали за тоа како се згрижени штитениците во еден Завод за згрижување ментално инвалидни деца во Босна.

На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа како децата се врзани за мебелот и радијаторите. На некои од нив рацете им се врзани зад грбот, а повеќето од нив во ваква положба го минуваат поголемиот дел од денот и преку цела ноќ, па заради таквиот третман кај нив се забележани и физички повреди и влошена психичка состојба.

Advertisement

Фотографиите предизвикаа хаос меѓу политичарите во Босна и Херцеговина, и на прес-конференција се бара итно од одговорното министерство да ги спроведат следните заклучоци.

„Итно да биде стопирано ваквото однесување кон штитениците во заводот. Да се направи кодекс како да се постапува со нив. Да има редовно ненајавени инспекции и да се издвојат итно средства за привремено вработување на негуватели до изработка на ново решение.“

Побарано е и од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство да именуваат лекарски тим кој ќе направи ревизија на дијагнозите и да воведе редовно докторски прегледи.

Извор: Magazin.ba

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button