Реклама
Наши ѕвезди

Ова е жената што му го освои срцето на внукот на Војо Стојаноски – еве како Влатко ужива во бракот

Ова се неговите принцези

Реклама

Шармантниот Влатко Миладиноски важи за еден од омилените пејачи на народна музика во Македонија.

И бидејќи станува збор за млад и успешен музичар, тој отсекогаш им бил интересен на дамите, но неговото срце е веќе освоено.

Имено, младиот пејач и покрај тоа што веќе со години успешно го крие својот приватен живот од јавноста, одвреме-навреме знае да сподели и по некоја семејна фотографија и да ги изненади сите.

Маркетинг

Фејсбук/ АМЈА Никола Карев

Влатко тоа го направи и сега, објавувајќи фотографија на која е со своите две принцези – неговата љубов Кристина и нивната ќерка.

Маркетинг

Инстаграм/ Влатко Миладиноски

Но покрај нив, Влатко и Кристина имаат уште една принцеза – помалата ќерка која наскоро треба да го прослави својот трет роденден.

Инстаграм/ Влатко Миладиноски

Потсетуваме, Влатко е во брак од 2016 година, а набргу по свадбата тој и неговата љубов ја добија и првата ќерка Илина.

По пет години од бракот му се роди и втората ќерка Андреа, која оваа година треба да наполни три.

Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Пејачот веќе седум години е во складен брак и важи за човек на кого семејството му е најважно во животот.

Фејсбук/ Влатко Миладиноски

И Влатко и неговата сoпруга по потекло се од Кичево, но како што самиот пејач истакна во една пригода, се запознале во Охрид.

Тие биле заедно неколку години пред да се заколнат на вечна љубов, а денес Кристина е неговата најголема поддршка во животот и има потполно разбирање за работата со која што се занимава.

Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, Влатко е внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски со кого често има настапувано.

Тој денес заедно со синот на Војо, Дамјан Стојаноски, и својот брат Златко Миладиноски, често пеат и надвор од Македонија и со својата музика ја продолжија мисијата на Војо – преку традиционалната македонска песна да ја афирмираат и шират вистината за Македонија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button