Ова е БЛАГОСЛОВ: Македонската пејачка доби СОВРШЕН ПОДАРОК за роденден – на среќата ѝ нема крај
Македонската Гранд ѕвезда доби совршен подарок за роденден, па се огласи на Инстаграм.
Мими сподели први фотографии после породувањето и доби само комплименти и честитки.
Мими Јовановска беше една од фаворитите во популарното музичко шоу Ѕвездите на Гранд, а жирито и предвидуваше голема кариера.
Со својот извонреден глас го освои Балканот, а нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ истакна дека таа поседува сѐ што е поребно за да стане ѕвезда.
Веднаш ја освои публиката и со својот глас, но и со својот стас.
Ова шоу за неа беше само отскочна даска, а нејзината кариера почна да се движи само во нагорна линија.
Поддршка во се што прави е нејзиното семејство и нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Филип Нуневски.
„Секогаш ми е поддршка, ми укажува на моите грешки при настапот и се труди да ме мотивира“, изјави таа за медиумите.
Мими и Филип се венчаа минатата година и направија свадба за паметење.
Мими изгледаше како принцеза во невестинскиот фустан, а гостите беа сведоци на неверојатна забава.
На 9. мај Мими соопшти дека на свет го донела нивното прво дете, синот Никола.
Честитки не престанаа да се нижат.
Еден месец по породувањето пејачката се огласи на Инстаграм и сподели прва семејна фотографија со новиот член.
Ова ѝ е прв роденден на Мими како мајка, па пресреќна во опис на фотографиите напиша:
„Мојот совршен подарок и најголем благослов“.
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска
ФОТО: Инстаграм / Мими Јовановска