Ова е бебето што преживеа пад од 30 м. височина – мајката почина, нејзиното чедо го спаси вистинско чудо
Мајката падна од десеттиот кат, вистинско чудо е што успеа да го спаси нејзиното бебе
Бебето е на одделението за интензивна нега, но мајката почина
Бремената Ема Аткинсон почина по падот од 17-от кат во градот Лидс, Англија, но докторите успеаја да го спасат бебето.
Како што пренесуваат медиумите, Ема која паднала од зграда од речиси 30 метри височина починала, но некако успеала да го заштити бебето што го носела во утробата кое се уште се наоѓа на интензивна нега.
Ема (30) неколку недели пред да почине на бебето му го дала името Пози и се сликаше со трудничкото стомаче на Фејсбук.
Фејсбук
На фотографијата се гледа сестрата на Ема како го држи бебето за рака, кое се наоѓа во инкубатор, а медиумите ја објавија и пораката на Деми, ќерката на загинатата жена, што таа ја објави на Фејсбук.
Фејсбук
„Толку многу си ми потребна мамо, те молам, врати се дома. Само сакам да те бакнам и да го слушнам гласот. Те сакам повеќе од животот. Беше толку сакана мајка, сакам тоа да го знаеш“, напиша таа.