Ова девојче исчезна пред точно седум години, а нејзините родители и денес ја чекаат да им се врати
На 25 ноември, пред седум години, исчезна 15-годишната Барбара Витез од Сента, Војводина
Од исчезнувањето на девојчето Барбара Витез (15) од Сента пoминаа седум години, а до ден-денешен нема ни траг ни глас.
На денот на нејзиното исчезнување преку социјалните мрежи се огласи нејзиниот татко со тешки зборови.
„Поминаа точно 7 години откако си замина на роденденот и не се врати… Ние те чекаме и те чекаме“, напиша неутешниот татко Ендре Витез на својот профил на Фејсбук.
Фото: Принтскрин
Потсетуваме, Барбара исчезна н 25 ноември 2016 година кога се враќаше од роденден, а наводно тогаш паднала во реката од мостот во Сента.
Фото: Принтскрин
Нуркачите со денови го бараа нејзиното тело, но не го најдоа.
На денот на исчезнувањето двајца нејзини другари на полицајците им кажаа дека таа се сопнала на мостот на Тиса и паднала во ректа.
Фото: Принтскрин
Но нејзиниот татко и мајка не веруваат во тоа.
„Последен пат е видена на 25 ноември 2016, во продавницата Идеа во Сена, кога ја забележале камерите, и тоа било во 21.41 часот. На снимката се не гледа дали нашата ќерка со тие две момиња тргнала кон мостот или на другата страна“, зборуваше порано Ендре.
Фото: Принтскрин
Семејството се уште тагува и се надева дека ќе ја најде жива и здрава, а секоја година 25 ноември за нив е болен.
На семејството Витез во 2019 година му се случи уште една страшна несреќа – нивниот син Атила (25), братот на Барбара, почина.
Фото: Принтскрин
Барбара од февруари 2017 година се наоѓа на жолтата потерница на Интерпол, на која се наоѓаат исчезнатите лица.
Нејзините родители за сето ова време добивале најразлични информации за тоа каде би можела да биде нивната ќерка. Помеѓу останатото и дека е киднапирана, дека се омажила, дека е продадена во бело робје, а имаат добиено дури и писмо неколку недели по нејзиното исчезнување дека наводно „Барбара била д*огирана, с*лувана, задавена и фрлена во реката“.
Фото: С. Урошевиќ (Курир.рс)
Што точно се случи со Барбара Витез, која тогаш имаше 15 години, се уште не знае никој. На семејството неофицијално му е соопштено дека девојчето се удавило во реката Тиса, на местото каде според изјавите на двајцата тинејџери кои таа вечер биле во друштво на исчезнатата, таа паднала, иако нејзиното тело никогаш не било пронајдено.
Ако е жива, Барбара денес има 21 година
Сента е град на реката Тиса во Војводина со околу 20.000 жители и најголемото место во Србија во кое повеќето жители се Унгарци.