Реклама
Дом и семејство

Ова двегодишно девојче и покрај тешката дијагноза успеа да прооди и тоа благодарение на познатата детската песна „Baby Shark“

Реклама

И додека на повеќето родители им се крева косата од детскиот хит „Baby Shark“ познатата песна одигра клучна улога во животот на двегодишната Харпер Компарин.

Имено, девојчето страда од „spina bifide“, наследно нарушување кое се развива уште во првите недели од зачнувањето. Пршлените не се правилно затворени околу ‘рбетниот столб, поради што по раѓањето останува расцеп на страна на грбот, па настанува непотполно затворање на ‘рбетот, а пациентите остануваат со посебни потреби. Иако не постои лек, постојат третмани кои можат да помогнат.

Маркетинг

Харпер помина низ неколку операции и разни програми за педијатриска рехабилитација, но со тек на време девојчето губеше се повеќе доверба во лекарите што сакаа да и помогнат.

„Тоа беше голема пречка во лечењето. Моравме да ја придобиеме нејзината доверба. И тогаш дојдовме до идејата да ја искористиме песната „Baby Shark“ како еден од начините да ја забавуваме Хапрер за време на терапијата. Едноставно некако многу ми се допаѓаше мелодијата на оваа песна“, вели Д-р Мишел Шулц од „Johns Hopkins All Children’s Hospital“.

Маркетинг

По вежбање во ритамот на популарната песна Харпер наскоро повторно ја стекна довербата во докторите, а како растеше нејзината одлучност и доверба, почна да напредува подобро од кога било досега, што особено ги воодушеви нејзините горди родители Фред и Ерик Компарин.

„Кога првпат ја видов како ги прави своите први пет, шест, седум чекори низ собата, не можев да поверувам во тоа. Покрај тоа, таа целосно се ослободи и повеќе од никој не се срами. Нема проблем да им се доближи на потполни странци и да се поздрави со нив“, изјави нејзиниот татко.

 

Проценка на американскиот Центар за контрола на болести е дека годишно се раѓаат околу 1.600 бебиња со оваа дијагноза, а во рамките на првата година од животот обично се хоспитализирани поради тоа најмалку три пати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button