Ова беше посебен ден за Сузана и нејзините наследнички – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Нејзините ќерки пораснаа во вистински дами, а ова беше ГОЛЕМ ДЕН за цело семејство
Ќерките на Сузана Турунџиева се убавици на мама
Познатата пејачка и писателка, Сузана Турунџиева, која моментално е и познато ТВ лице, пријатно ги изненади своите фанови.
Имено, како што може да се види од нејзиниот профил на социјалните мрежи, на постарата ќерка денес и е роденден, па гордата мама објави неколку фотографии од наследничката и ги израдува сите.
И ако можеме да судиме по фотографиите, нејзината 24 годишна ќерка Лора ја има наследено убавината од неа.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Таа е една прекрасна млада дама, но и сопруга и мајка на малиот Јаков, внучето со кое Сузана ужива да го минува времето.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Ќерката на Сузана често добива комплименти на сметка на својот изглед, а сите се согласни дека потсетува на својата мајка.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
И таа како и нејзината мајка, има светла коса, а ги има наследено и цртите на лицето од својата позната мама.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Посакувам да можам да ја почувствувам среќата од оној ден, кога пред 24 години ја родив и кога за првпат го доживеав светот со други бои, прекрасни мириси и најубави звуци…. Денес, највисоката во нашето племе слави роденден, Лора, имај најсреќен роденден и само небото нека ти биде граница“, напиша гордо Сузана под фотографиите на кои е со славеничката, но и со нејзината помала ќеркичка Матеа која во јануари наполни 15 години.