Реклама
Наши ѕвезди

Ова беше најголемиот скандал што ја одбележа 2023 во Македонија – овие пејачи беа главни актери

На некои наши познати фолк-пејачи им се случи скандал во текот на минатата година, и тоа не по нивна вина

Реклама

Велат дека познатите личности ги сакаат скандалите, па дури и тогаш кога не ги претставуваат во најдобро светло.

Постои едно правило кога се ѕвездите во прашање, а тоа е дека што почесто ги споменуваат во медиумите, толку тие стануваат поголеми ѕвезди. И ова навистина така функционира како во светот, така и кај нас. Но ова „непишано правило“ кога се ѕвездите во прашање и не е баш толку едноставно, затоа што сé зависи и од тоа како тие ќе се постават кон некој проблем што ќе исплива, дали ако нешто погрешиле ќе се извинат на јавноста или ако некој им згрешил ним, тие ќе му простат. Исто така сликата за нив многу зависи и од тоа како се претставени во медиумите, што значи дека ѕвездите мора многу да внимаваат и како ќе се однесуваат кон претставниците на седмата сила, и овие неколку работи се можеби најважни дали тие ќе останат да си блескаат на ѕвезденото небо или ќе согорат како некоја ѕвезда што паѓа и засекогаш ја снемува од небеската шир.

Маркетинг
Инстаграм/ Сузана Гавазова

Како и да е, кога ќе се случи некој поголем скандал поврзан со ѕвездите, сите следат што се случува, а посебно нивните фанови.

Без разлика дали тој се однесува лично за нив или за некој нивен колега, тие знаат и да се вклучат во истиот, и сето тоа повторно заради популарност. Едноставно, не постои негативен „ПР“ кога е маркетингот во прашање, па многу ѕвезди знаејќи го ова правило се обидуваат на било кој начин да се присутни во медиумите.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

И колку повеќе читаме за нив, тие стануваат се поголеми и поголеми ѕвезди, стекнувајќи се побројна војска на фанови.

Впрочем ова важи и за нашите ѕвезди кои и во изминатата година не беа поштедени од будното око на јавноста.

Тие затоа и се ѕвезди, па нивните фанови го следат секој нивен чекор, а во продолжение ќе се потсетиме на еден скандал што се случи во текот на минатата година, и тоа не по вина на главните актери во него, туку, според нас, заради некои задкулисни, недобронамерни „игри“ заради кои не смееме да го држиме очите широку затворени.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Не смее да има поделби!

Нашите познати фолк-пејачки беа главни актери во скандалот што го предизвикаа поединци од нашата дијаспора.

Имено, претставници на одредени наши здруженија од дијаспората, во овој случај најмногу од Австралија, им се заканија на музичарите што требаше да настапат на прославата за Независноста на Македонија во Пеленица. Тие им се заканија со бојкот, а имаше и вербални напади и говор на омраза преку социјалните мрежи само затоа што музичарите решиле да го забавуваат народот со песна, она што им е работа. (Како на келнерот што му е работа да го служи гостите, шивачот да им шие на муштериите, а на докторот да ги лекува пациентите, без разлика кои се и никако да ги дели на подобни и неподобни!) .

Принтскрин

Но заради преголемиот притисок од овие наши здруженија и поединци од дијаспората, некои музичари решија да се откажат од прославата, иако претходно беа на плакатите што го рекламираа истиот. Еден од нив беше пејачот Јордан Митев кој откако се случи скандалот се огласи и образложи зошто нема да учествува на настанот.

Фото: Фејсбук/ Јордан Митев

Тој тогаш појасни дека не знаел дека станува збор за партиски обоен настан, па се почувствувал изманипулирано.

Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски

Од овие причини реши да го откаже својот настап, а тоа го направија и некои други негови колеги и колешки.

Но за разлика од нив, кои заради преголемиот притисок на социјалните мрежи сепак решија да не настапуваат на традиционалната прослава организирана од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, одреден број музичари одлучија да не го делат народот и беа дел од прославата. Меѓу нив најпознати беа Сузана Гавазова, Благоја Грујовски и Сања Цинцева, попозната како Сања Барби. Тие јавно се огласија потенцирајќи дека не се политички определени и дека пеат за народот, односно за Македонија и за сите Македонци, и дека нивно е да пеат и дека не сакаат да се мешаат во политиката.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Но ова очигледно не им значеше многу на оние што беа најгласни и кои не избираа зборови како ќе ги навредат овие музичари.

Од овие причини Благоја Грујовски неколку месеци по настанот реши да ја откаже турнејата во Австралија. Тоа го направи и неговата колешка Сања, а ние денес, навраќајќи се на некои случувања од изминатава година, решивме да се навратиме на овој скандал од морето други и со горчина и голема болка заради она што ни се случува, пред се како Македонци, да кажеме збор-два за истиот.

И тоа не го правиме во одбрана на музичарите, затоа што ние секако дека не сме ничии адвокати, туку затоа што не поднесуваме никакви поделби на предавници и патриоти во нашето општество, и сметаме дека истите веднаш треба да престанат. На тој начин не само што никој од нас нема полза, туку и сериозно го наштетуваме нашето кревко национално ткиво, кое вреска од вакви поделби.

Музиката е дел од нашата култура, а оние што ја негуваат се претставници на истата и меѓу нив не смее да има политички препукувања. Тие можат да бидат симпатизери на една или друга партија, можат да бидат и скарани, да не се во добри односи еден со друг, но политиката не смее да биде дел од културата, бидејќи едноставно таму не и е место.

Сите многу добро знаеме што е политиката и за кого е наменета, па сите оние што сакаат да им ја импутираат на музичарите најдобро ќе биде да си ја протресат главата и добро да размислат дали на тој начин, со такви поделби, всушност им помагаат на нашите душмани. Од друга страна, туку можеме да зборуваме многу и за шовинизмот, но за овој феномен во нашето општество, и пред се во културата, во некоја друга пригода. За денес мислам дека ова беше и повеќе од доволно, а на сите оние што не читаат, каде и да се во светот, им посакуваме убави денови. И секако, посакуваме година во која наместо да се расправаме за политички теми и да се делиме, се почесто да се дружиме и веселиме со добра песна, затоа што таа треба да не обединува, а на – да разединува.

 

Па, на здравје, добри наши луѓе, каде и да сте…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button