Реклама
Вирално

Норвешка е најмалку погодена од коронавирусот – слабите мерки, сепак донесоа резултати – еве зошто

Реклама

Додека сите земји во светот се борат со коронавирусот со најразлични мерки, од кои карантин со денови и строгото ограничување на движењето на луѓето, најмногу ги погодија, сепак Норвешка успеа, и покрај слабите рестриктивни мерки, болеста да ја држи под контрола. Досега во земјата се заразени 7.078 лица, а бројот на оние кои не ја победија болеста е мал – 165.

Податоците покажуваат дека во последните десет дена бројот на новозаразени се намалува, мал е бројот на хоспитализирани и се помалку се оние кои во болница се приклучени на респиратори.

Тајната не е во мерките, зошто оние кои ги донесе норвешката влада на 12. март не се толку строги како во другите земји, туку во она што се нарекува колективна дисциплина која постои кај овој народ и нивната доверба во Владата.

Маркетинг

Имено, сите граѓани ги слушаат советите од Владата и се придржуваат кон неколкуте едноставни правила: се седи дома, еднаш дневно се шета, а кога се прави тоа, граѓаните се на дистанца од најмалку еден метар и се одбегнува секаков контакт со другите.

Во оваа земја се верува дека корона-кризата го достигнала својот пик, и од денеска, 20. април отворени се сите детски градинки, а од 27. април почнуваат со работа и помалите училишта, оние од прво до четврто одделение. Владата исто така ќе разгледа дали ќе преземе нови мерки за отворање на општеството или пак за повторно затворање, зависно од ситуацијата.

Маркетинг

Норвежаните се многу дисциплинирана нација kоја ги почитува советите на Владата за социјално дистанцирање, миење на раце, кашлање во лакт и избегнување на големи собири. Овие мерки се воведени во сите држави во светот, но важен е тонот со кој ова им се наметна на граѓаните на Норвешка.

Наместо принудни мерки, граѓаните на оваа скандинавска земја се поттикнати дека сложно, без притисоци и без исклучоци мора сите да се придружуваат кои овие едноставни правила за да им биде добро на сите и да спласне епидемијата, што е доследно испочитувано.

Во оваа земја полесните случаи на Ковид-19 остануваат да се лекуваат во домашни услови и не смеат да излегуваат 14 дена. На тој начин се растоварени болниците, каде не се сместуваат оние кои немаат потреба од болнично лекување, а болничките капацитети се резервирани искличиво за потешките случаи.

Оваа земја не воведе задолжителен полициски час па населението смее да излегува надвор, под услов да држи растојание. И луѓето тоа го користат и ги почитуваат максимално правилата. На постарите од 70. години и на хроничните болни им се советува да не излегуваат од дома, или тоа да го прават многу малку. Воедно, забранети се и посетите на лицата сместени во домовите за старци и тоа строго се почитува зошто тие секако се најранлива група во општеството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button