„Номад“ и „Вејк ап“ ќе делат бесплатно кафе и сокови на нашите „бели мантили“ за да се освежат и одморат од напорниот ден
Позитив на денот
Шармантниот мобилен кафе-бар Номад кој во текот на денот можете да го најдете на паркингот во Државната болница има вистинско изненадување за сите доктори, медицински сестри и вработени во администрацијата.
Имено, поради новонастанатата ситуација, Номад на вработените бесплатно ќе им дели сок или кафе со цел побрзо да се освежат и одморат за време на работните обврски или по нивното завршување. Тие во своето соопштение напишаа дека од утре 17.03.2020 па се до крајот на оваа недела ќе делат бесплатни сокови и кафе за несебичноста и пожртвуваноста на вработените во болницата во овие моменти.
Нивната објава брзо стана вирален хит и заслужено привлече бројни комплименти на социјалните мрежи.
И кафетеријата Wake Up има изненадување за нашите бели мантили
Покрај „Номад“ и кафетеријата „Вејк ап“ ги известува докторите, медицинските сестри и сите вработени во Градската болница во Скопје дека од утре ќе бидат во нивна служба. Тие ќе им делат бесплатни сокови или кафе, и сето тоа само како мал допринос и благодарност за нивната пожртвуваност што ја прават за сите нас во овие моменти.