Ноле замина на заслужен одмор – на ОВА место најдобриот светски тенисер реши да ги наполни батериите заедно со семејството
Ноле со семејството замина на одмор
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по освојување на шампионската титула на Вимблдон замина со семејството на заслужен одмор. Неговите обожаватели се заинтересирани каде Ноле ќе замине да ги „полни батериите“ по фантастичниот Гренд слем на трева.
Од фотографиите што ги објави на Инстаграм можеме да забележиме дека тенисерот заминал на едно монденско место во Шпанија.
Имено, тој заедно со својата сопруга Јелена и децата Стефан и Тара од Лондон замина директно за Мербеља.
Инаку во Мербеља живее помладиот брат на Ноле, Марко, но и некогашниот духовен гуру Пепе Имаз.
И токму на ова шпанско летувалиште Ѓоковиќи го прославија роденденот на најмладиот член Ѓорѓе кој наполни 24 години.
Инаку, Ѓоковиќ во минатото по Вимблдон заминуваше на одмор на Малдивите, а овој пат реши да не ја напушта Европа.