Новосадската Барбика пред една година одвај имаше 50 килограми, а сега изгледа како авион
Наташа и на море јаде само здрава храна
Познатата пејачка во последно време помина низ големи стресови, но очигледно дека одлично се избори со сите непријатности што и се случија во животот. Од нејзините фотографии што ги објави на социјалните мрежи многумина коментираат дека изгледа како авион, а интересно е тоа што комплименти и делат и мажи и жени.
Новосадската Барбика и по своите две породувања се уште изгледа како авион, а оние што ја познаваат ќе се сетат дека пејачката минатото лето имаше одвај 50 килограми и изгледаше како да е на граница на анорексија.

Но сега конечно ги врати своите занесни облини и очигледно ужива во успесите на деловен план и растењето на своите две ќерки Хана и Катја.

Таа поминува доста време и сончајќи се. Па така неодамна една пријателка ја фотографираше додека Ната позираше на терасата и се смееше на позите што ги прави. Тие уживаа како тинејџерки, се смееја и пиеја кафе. Кога ќе се појави во некој ресторан или кафуле, сите се вртат по неа. И жени и мажи. Таа едноставно ги плени сите со својата харизма, па дури и кога е без шминка, и посебно во костими за капење.

Во моментов е во Црна Гора, па и таму не отстапува од својата здрава исхрана благодарение на која изгледа топ.