НОВОГОДИШНА МАГИЈА во домот на Милена Антовска – бремената водителка покажа кој најмногу и помагаше во китењето!
Во домот на македонската водителка владее семејна хармонија, а таа покажа кој со нетрпение ги очекува празниците и најмногу се радува на новогодишните украси.
Милена Антовска во моментов е една од најпопуларните водителки во земјава.
Својата кариера ја започна како водител на утринската емисија во Канал 5 телевизија, каде работи до ден денес.
Нејзините колеги за неа велат дека е голем професионалец и многу посветена на својата работа.
Иако природата на нејзината професија подразбира доста рано стснување, тоа не ја спречува секогаш да биде средена од глава до пети.
Кога ќе ја видиме на малите екрани уште рсно наутро добро средена, добиваме впечаток дека својата работа ја работи со леснотија и уживање.
А, дека тоа е вистина така, докажуваат и нејзините објави на социјалните мрежи, преку кои секогаш искажува задоволство од она што го работи.
Освен за промоција на емисијата, нејзините друштвени мрежи ѝ служат и за себепромоција, дополнителна заработка, а многу често споделува и семејни моменти.
Таа е една од ретките која секогаш јавно и отворено зборува за својот приватен живот, како и за проблемите и тешкотиите низ кои поминува.
Инаку, водителката веќе неколку години успешно плови и во брачните води.
Таа и нејзиниот сопруг Гордан се запознале во кафеана, веднаш почнале да комуницираат, а комуникацијата им продолжила на социјалните мрежи. Набрзо после тоа започнале љубовна врска.
Недолго после тоа одлучиле да стапат во брак, па направиле и голема свадба. Пo венчaвкaтa вo Бигoрскиoт мaнaстир парот приреди и веселба за пријателите.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Лана Марија, но парот очекува принова.
Милена е при крајот на бременоста и кај и да е треба да ја роди својата втора ќерка.
Таа е навистина згодна трудница и мора да се признае дека изгледа феноменално.
Новата 2022 кај и да е треба да пристигне, а веќе во сечиј дом владее празничната магија.
Сите ги украсуваат своите елки и димови.
Во домот на убавата водителка блесна новогодишната елка.
На неа најмногу ѝ се израдува малата Лана Марија, која заедно со својот татко ја украси целата.
Гордата мајка го сними процесот на китење и на своите фанови им покажа како изгледа нејзиниот дом.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Итстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска