Новите фотографии зборуваат колку Брена е среќна жена, но и дека НЕЈИНАТА УБАВА СНАА е спремна да „скокне во тавче“!
Сандра Миљаковиќ стана позната по нејзината емотивна врска со Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена.
Но како што неодамна пишуваа српските медиуми парот пред неколку месеци решил да ја прекине емотивната врска, но останал во добри односи, што го покажува и фактот што се уште се пријатели на социјалните мрежи и се уште често еден на друг си ги лајкуваат фотографиите.
Па така деновиве Сандра објави неколку фотографии од една свадба на која беше како гостинка на своите блиски пријатели.
Таа во еден момент се пофали и со бидермајерот што го фати со што подигна голема прашина во медиумите.
„Луѓе, седми по ред, Дефинитивно повеќе не застанувам да фатам бидермаери“, порача со насмевка убавата девојка.
Таа за оваа пригода носеше преубав фустан во боја на јорговани кој заради необичниот крој ги истакна нејзините атрибути.
За разлика од Сандра, нејзината „несудена“ свекрва деновиве ги изненади своите фанови со нови фотографии.
Имено таа објави неколку фотографии без никаква обработка и филтри и се прикажа самата себеси во вистинско светло.
Со насмевка на лицето и со својот совршен несовршен изглед, Брена покажа како ужива во својата 60 та година од животот.
Таа беше во друштво со своите најблиски, а под фотографиите фановите и порачаа дека изгледа прекрасно.
Инаку, и покрај тоа што неодамна се пишуваше дека Сандра и Виктор повеќе не се заедно, некои медиуми го тврдат спротивното.
Од друга страна медиумите неодамна објавија и дека Сандра има само убави зборови за семејството Живојиновиќ.
Наводно една нејзина пријателка открила дека таа е презадоволна од Виктор, а од неговите родители воодушевена.
Како што објави Скандал, пријателката открила дека Сандра ни не сонувала дека некој толку популарен и можен може да биде толку нормален и едноставен.
Наводно Брена постојано ја прашувала за нејзините родители, дали се добро и што прават, а посебно е воодушевена од Боба кој обожава да готви и да кани гости. Пејачката наводно ја гледала како нејзина ќерка, а на пријателката и е драго за сето тоа затоа што и Сандра е многу воспитана и фина девојка.
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ