Новиот тренд меѓу учениците ги заплашува родителите.
фото илустрација
Наречен „Колку чини вашата облека? овој тренд кај учениците, кои користат мобилен телефон и апликација за да дознаат колку пари некој потрошил за гардероба со неколку кликања е застрашувачки.
фото илустрација
Телефонот го скенира QR-кодот на облеката. Доколку не покаже дека се работи за оригинален производ или копија од некоја посебна марка, детето е изложено на јавен потсмев.
фото илустрација
Со помош на Инстаграм или ТикТок, потсмевот брзо ги надминува границите на класот и училиштето и често се претвора во психичко, вербално, па дури и физичко насилство.
фото илустрација
Според стручните лица овој тип на врсничко насилство е најопасен и доведува одредени ученици да се почувствуваат посрамотени, па повторно го наметна прашањето – дали треба да се воведат униформи во училиштата?
фото илустрација
Мислењата на оваа тема се поделени.
Стресот и притисокот што детето го чувствува се пренесува и на родителите, бидејќи многумина се свесни дека ниту униформите не би ја промениле нивната реалност и вистинската состојба на општеството.