Новинарка изврши самоубиство додека водеше вести – го извади пиштолот и си пукаше во главата!
Во јули 1974 година, новинарката Кристин Чабак, која тогаш имаше 29 години, изврши самоубиство додека ги читаше вестите и ги шокираше сите.
Во прашање беа вести во живо на програмата на локалната телевизија во Сарасота, Флорида. Во времето на трагедијата, Кристин немаше познати здравствени проблеми и се изгледаше потполно нормално. Таа беше присебна додека тој ден ги читаше вестите и гледајќи во камерата, 29-годишната водителка во еден момент изјави:
„Во согласност со политиката на Канал 40 верно да прикажува насилство и крвопролевање, сега ќе имате можност први да видите уште нешто – обид за самоубиство”.
https://www.youtube.com/watch?v=vWwELfZYYa0
Откако ги кажа овие реченици водителката извади пиштол од нејзината чанта и се застрела во главата.
И додека чурта излегуваше од пиштолот, нејзината коса и се разлета по целото лице. Нејзиното тело се затресе, а потоа со главата падна на масата.
Сите од информативната екипа беа збунети од она што го гледаат и на почетокот мислеа дека е шега. Меѓутоа, кога шефот се стрчал кон неа и почнал да вика, тој прв се соочил со брутална вистина. Таа итно беше однесена во болница, каде што по некое време го изгуби животот.
Во 2016 година беше снимен филм за нејзиниот живот
Нејзиното семејство подоцна откри дека страдала од депресија и имала самоубиствени мисли.