Познатата летин0 дама обожава да носи хеланки, а последниот месец речиси и да не излегува од моделите на познатиот американски бренд „Niyama Sol“.
„Знам дека сте забележале дека дословно живеам во своите хеланки од Niyama Sol. Навистина ги носам насекаде. Ќе ви кажам зошто сумв љубена во нив. Niyama Sol е потполно еколошка компанија. Покрај тоа што ги има најдобрите кроеви, сета нивна облека е направена од рециклирана пластика“, напиша Џенифер неодамна на својот профил на Инстаграм и ја сподели веста дека ќе лансира колекција хеланки посветена токму на неа и на нејзината кариера
Така еден од моделите ќе го носи името “This Is Me… Then“ според нејзиниот успешен истоимен албум од 2002 година. Покрај преубавите хеланки колекцијата содржи и спортски градници кои се идеални за вежбање.
Сите парчиња се направени од „4-way stretch” – материјал кој при движење се растега и потоа повторно се враќа во првобитната позиција по должина и ширина.
Хеланките се посебни и по тоа што го обликуваат телото, а и брзо се сушат при физички активности.