НОВИ ДЕТАЛИ ОД ВИДЕОТО ОД ВИЕНА – „девојчето бегало од двете жени и не се однесувало како да ги познава“ ВИДЕО
Српската полиција синоќа добила нова трага во потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) од Бор. Како што објавија српските медиуми, девојчето наводно било видено во Виена во придружба на две романски државјанки.
Српското МВР доцна синоќа стапила во контакт со австриските колеги и им ги испратиле на Европол сите податоци, како и видеото кое кружи по социјалните мрежи, а кое го објави српски „Курир“.
-Интензивно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето, потенцираат од српските медиуми.
На видеото, снимено од српски државјанин на станица во Виена, се гледа девојче на слична возраст и изглед како Данка Илиќ (2).
Српискиот државјанин, кој видеото го препратил до српската полиција, изјавил дека девојчето била придружувана од две Романки. Тој истакна и дека „девојчето бегало од жените и не се однесувала како да ги познава“. Тврди и дека двете жени и зборувале на романски, на што девојчето не одговорила.
Тој исто така рече дека девојката не се однесувала како нивно дете, ниту пак одговарала на името што ја викаат.
Оваа информација е добиена на 6-от ден од потрагата по Данка, за која од вторникот не се знае ништо. Двегодишното девојче исчезна од дворот на куќа во Бањско Поље во Бор.
Нејзините родители во неколку наврати беа во полициска станица и даваа изјави. Исто така и мобилните телефони им беа привремено одземени поради вештачење.
Видеото може да го видите тука