Реклама
Вести

Нови детали за убиството на паркингот кај Мавровка – убиениот е златар, а не адвокат

Реклама

Златар, а не адвокат е лицето кое околу 10 часот беше ликвидирано на паркингот кај Трговскиот центар.

Во нападот учествувале тројца наоѓачи. Двајца се веќе приведени, а по третиот сѐ уште се трага.

Неофицијално, пукале во златарот, а потоа од багажникот на неговото возило одзеле повеќе предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер. Мотивите за убиството сѐ уште се нејасни, но „360 Степени“ објави дека се споменува облик на изнуда, но истрагата сѐ уште е во рана фаза. Тој, наводно, со членови од семејството бил да заврши приватни обврски во близина.

Маркетинг

Официјалните информации од истражните органи се сѐ уште оскудни. Од МВР кратко само соопштија дека во СВР Скопје било пријавено убиството, а полицијата веднаш ја почнала акцијата за пронаоѓање на убијците.

Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.

Маркетинг

Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button