Реклама
Вести

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Уапсено уште едно лице

Реклама

По приведувањето на двајцата осомничени за убиството на малата Данка Илиќ се огласи и Обвинителството, од каде беше наведено дека на двајцата им е изречена мерка притвор.

Обвинителството во Бор соопшти дека на С.Ј. и Д.Д. им е одредено задржување.

„На 4.4.2024 година во седум часот по наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар им одреди мерка притвор на Ј.С.(1974) од с.Лука и Д.Д.(1974 година) од с.Злот поради постоење основи на сомнение дека на 26.3.2024 година му го одзеле животот на детето Данка Илиќ (2022) и дека со тоа како соизвршители сториле кривично дело тешко убиство од чл. 114 ст.1 т.9 од Кривичниот законик во врска со член 33 од Кривичниот законик.

Маркетинг

Вишото јавно обвинителство од Заечар презема мерки за прибавување и обезбедување на доказите потребни за водење на кривичната постапка против осомничените за наведеното кривично дело, а јавноста навремено ќе биде информирана за натамошниот тек на постапката“, се вели во соопштението.

Маркетинг

Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека попладнево ќе бидат сослушани двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, а по сослушувањето обвинителството ќе ја информира јавноста, јавува репортерот Н1.

Покрај тоа, како што се дознава, приведен е и братот на еден од осомничените.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button