Нови детали во врска со нападот што го потресе светот – терористите признаа зошто го извршија масакрот
Терористите се уапсени сакајќи да пребегаат во Украина, бројот на нивните жртви постојано се зголемува
Терористичкиот напад бил изведен за пари?
Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација соопшти дека се приведени сите учесници во страшниот терористички напад што се случи вчера околу 20.00 часот во концертната сала „Крокус сити хол“ и дека станува збор за странски државјани.
Од видео снимките што испливаа на социјалните мрежи познато е и како изгледаат напаѓачите, а познати се и нивните имиња.
Принтскрин/ Плутон
Како што може да се забележи од снимките што испливаа на социјалните мрежи сите приведени слабо зборуваат руски, а на еден од нив му требаше и преведувачка бидејќи зборуваше на таџички.
Moscow shooting 🔫.
May the souls of the departed rest in peace.#MoscowAttack #MoscowUnderAttack #MoscowConcertHall pic.twitter.com/m25UjCKueW— Lifeissues11 (@AGINAS) March 23, 2024
Судејќи според изјавата на еден од нив, терористичкиот напад е извршен за пари кои требале да ги добијат од непознато лице.
Во нападот беа убиени најмалку 133 лица, меѓу кои има и три деца, а има и голем број ранети од кои многумина се во лоша состојба така што во наредните часови бројот на жртви би можел да биде и поголем.
@catchupnews Information is still being updated. Nobody has claimed responsibility for the attack yet
Досега се уапсени вкупно 11 лица кои се осомничени дека се вмешани во нападот меѓу кои четворица од нив се непосредни извршители.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
Рускиот претседател Владимир Путин се огласи прв пат по страшниот напад кој го нарече крвав, варварски чин.
„Ќе бидат казнети сите. Тоа е напад на Русија, на нашиот народ“, истакна Путин во своето прво обраќање по нападот.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024